X
 02.05.2024 Живот

Јапонски аеродром во 30 години работа никогаш не изгубил багаж

Додека аеродромите во Сингапур и Доха се натпреваруваат за титулата најдобар во светот, еден аеродром е посветен кон друго достигнување.

Имено, меѓународниот аеродром Кансаи во Јапонија никогаш не изгубил багаж цели 30 години. Всушност, овој аеродром нема изгубено багаж од отворањето во септември 1944 гдина, а во просек има од 20 до 30 милиони патници годиишни. На патниците многу им значи ако нивниот багаж пристигне навреме, но за вработените на овој јапонски аеродром тоа е вообичаена работа.

- Мислиме дека не правиме ништо посебно. Работиме како и обично. Работиме секој ден и среќни сме што таа работа некој ја цени. Мислам дека нашите вработени се задоволни поради ова признание - изјави портпаролот на аеродромот.

Британската веб-страница за рангирање и рејтинг на авијација, „Скајтракс“, неодамна го прогласи овој аеродром за најдобар во светот кога станува збор за транспорт на багаж.

Аеродромот Кансаи е изграден на вештачки остров во заливот Осака, опслужувајќи ги областите Осака, Кјото и Кобе. Прогласен е за 18. најдобар аеродром во светот, додека јапонските аеродроми Токио и Нарита се наоѓаат на 5. место, а Ханеда на 4. место.

Извор: Klix.ba
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот