X
 02.09.2023 Живот

Правила на 85-годишна Јапонка за среќен живот: „Жалењето води до уште повеќе жалење“

Сите знаеме за јапонскиот популарен концепт наречен „икигаи“, што во превод значи причина да станувате од кревет секое утро.

За една 85-годишна Јапонка која преживеала рак, ова се правилата за долг, среќен живот исполнет со радост и цел.

1. Јадете храна што го зајакнува имунолошкиот систем

Јадете храна што ќе го намали воспалението и ќе го зајакне имунолошкиот систем:

- Гоџи бобинки;
- Алги, ѓумбир и зелени чаеви;
- Морска храна богата со омега-3 како лосос и скуша;

Елиминирајте ја преработената храна, вклучувајќи месо и животински масти, мрсна и пржена храна, благо, млечни производи и алкохол.

2. Најдете причина за смеење


Жалењето секогаш води до повеќе жалење, но благодарноста и смеата водат до среќа, вели оваа 85-годишна Јапонка.

Истражувањата ги покажуваат придобивките од терапијата со смеа за време на третманите за рак, како што се подобрување на менталното здравје и имунолошката функција.

Дури и нешто толку едноставно како гледање хумористично шоу или читање смешен стрип го подигнува духот и помогна да ги поминете тешките времиња.

3. Сигурен круг на пријатели

Да се биде член кој придонесува во заедницата е клучен процес. И најмалите интеракции можат да бидат основа за трајна врска.

4. Планирајте ги работите што едвај чекате да се случат

Ова може да биде сè, од одење во самопослуга, присуство на богослужби до одење на концерт со пријателите и семејството.

Кога имате што да очекувате, тогаш имате икигаи и цел да бидете мотивирани секој ден.

Извор: CNBC
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот