X
 12.04.2015 Живот

Кит Харингтон: Вестите од светот изобилуваат со поголемо насилство од она во "Game of thrones"

Кит Харингтон застана во одбрана на хит серијата на HBO „Game of thrones“, велејќи дека нивото на бруталност не е непознато за публиката.

 

трон


Актерот кој го игра Џон Сноу изјави дека е важно за фантазијата да ги рефлектира последиците од војната, додавајќи дека насилството во серијата не е нешто поразлично од она што се емитува во вестите низ светот.

„За жал, после со секое вртење на каналите добивате доза на насилство и сето она обезглавување и бруталност. Ако шоуто сака да го постигне нивото на фантазија, тогаш треба сето тоа да биде релевантно - затоа мора да се видат дивјачките последици од војната“.

Харингтон изјави дека писателот Џорџ. Р.Р. Мартин сакал серијата да го рефлектираат варварството во минатото вклучувајќи ја и Војната на розите и Гленко масакрот.

„Џорџ Мартин е експерт за периодите од британската историја како на пример Војната на розите. Важно е за него да ја истражува бруталноста на овие времиња“.

Лиам Канингам, кој го игра кралскиот советник Давос Сиворт, вели дека драмата би и` правела лоша услуга на гледачите, доколку не е прикажано насилството.

„Би ја навредиле публиката доколку во серијата не би имало бруталност. Ако шоуто немаше бруталност и секс, публиката би рекла: „Не не` штитете“. Сексот и насилството се неопходни за да се задржи автентичноста на оваа серија“.

Досега, околу 100 смртни случаи се случија во текот на 4 сезони, вклучувајќи три егзекуции и четири обезглавувања.

Некои од најнасилните сцени вклучуваат брутално прободување на бремена жена неколку пати во стомакот, човек мачен и кастриран и проститутка неколку пати застрелана со стрели.

Во четвртата сезона се случија повеќето смртни случаи, такашто се чини дека петтата сезона бројот на жртвите ќе биде уште поголем.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот