X
 02.10.2018 Живот

Вистински пријател ќе дотрча ако го повикате во 2 наутро. Сите други се само познаници.

Од време на време добро е да застанете, да забавите и да го слушнете животното искуство на постарите лица кои со некои лекции научиле дека не треба премногу да се нервирате за ситници, па дури и за некои малку поголеми проблеми ...

1. Најважната личност во вашиот живот е лицето кое се согласило да го сподели својот живот со вас. Така и треба да се однесувате со него или со нејзе.

2. Можеби ќе имате долг живот, или вашиот живот ќе биде краток - којзнае. Но, во секој случај, верувајте ми кога ви велам дека ќе сакате да сте биле повнимателни кон себе во вашата младост.

3. Нештата се само нешта. Немојте да бидете опседнати со материјални работи, ценете си го времето и искуството.  

4. Љубомората ги уништува врските. Верувајте ѝ на својата друга половина бидејќи кому ќе му верувате?

5. Луѓето секогаш велат: „Погрижете се да добиете работа каде што ќе го работите она што го сакате!" Но, тоа не е најдобар совет. Вистинската работа е работа која некои денови ја сакате, други денови ја поднесувате, а и понатаму ви ги плаќа сметките. Речиси никој нема работа која ја сака секој ден.

6. Ако некогаш е тешко да се носите со животот, само вратете се во сегашноста и уживајте во сè што е убаво и утешно. Земете длабок здив, опуштете се.

7. Годините минуваат додека да трепнете. Немојте млади да стапувате во брак. Живејте го својот живот. Патувајте. Занимавајте се со се. Без разлика колку пари имате. Спакувајте се и одете каде што можете да си дозволите. Додека никој не зависи од вас, не купувајте работи. Никакви работи. Видете го светот.

8. Не сфаќајте го животот сериозно. Дури и ако нештата ви изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се смеете на тоа колку животот е глупав.

9. Вистински пријател ќе дотрча ако го повикате во 2 наутро. Сите други се само познаници.

10. Децата растат премногу брзо. Максимално искористете го времето што го поминувате со нив.

11. Бидете вредни, но не ставајте ја работата пред вашето семејство, пријателите или себеси.

12. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар и лице со срцеви болести кое имало мозочен удар - за никогаш да не станете тоа.

13. Чистете ги забите со конец, проблемите со забите се ужасни.

14. Не сфаќајте нечии совети како команда. Можете да побарате совет од некој што го почитувате, но потоа разгледајте ја вашата ситуација и донесете сопствена одлука. Во суштина, мојот совет е да го послушате сопствениот совет...

15. Зглобовите што сте ги повредиле денес, ќе ви се одмаздат подоцна. Дури и ако мислите дека сте целосно опоравени. Верувајте ми!

16. Имаме само една шанса на оваа земја. Немојте да се разбудите и да сфатите дека имате 60 години, а не сте ги направиле работите за кои сте сонувале.

17. Ценете ги малите работи и бидете присутни во моментов. Што сакам да кажам со тоа? Па, ни се чини дека младите луѓе денес сакаат сè веднаш. Наместо тоа, зошто да не го цениме секој мал момент? Нема да останеме засекогаш на оваа луда/преубава планета. И најголемото задоволство може да се најде во најдосадните активности. Наместо да испраќате порака, кренете ја слушалката и повикајте некого. Јавете се на мајка ви, не мора да зборувате за ништо посебно. Тоа се моменти кои треба да се ценат.

18. Плаќајте си ги сметките и избегнувајте долгови. Ако можам да си ги платам сите пари што ги плаќав за камати сите овие години, би бил богат човек.

19. Ако сонувате да бидете некој или да работите нешто што ви се чини невозможно, сепак обидете се. Со возраста и како што ќе станувате одговорни за другите, ова само ќе стане понеизвесно.

20. Кога првпат ќе запознавате некого, застанете и сфатете дека всушност не знаете ништо за нив. Гледате раса, пол, возраст, облека. Заборавете на сето тоа. Не знаете ништо. Овие претпоставки базирани на предрасудите кои ви се појавуваат во главата поради тоа што вашиот мозок сака категории, тие го ограничуваат вашиот и животот на другите луѓе.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот