X
 02.12.2019 Забава

Неверојатни факти што не сте ги знаеле

Што сè можете да научите од една реченица!

1. Луѓето што моментално дипломираат не биле родени кога Симпсонови не биле на телевизија.

2. Русија има поголема површина од Плутон.

3. Ана Франк и Мартин Лутер Кинг Џуниор биле родени во иста година.

4. Не можете да правите „хм“ додека го држите затворен вашиот нос.

5. Марс е целосно населен од роботи.

6. Универзитетот „Оксфорд“ е постар од Империјата на Астеците.

7. Постојат повеќе лажни фламинга во светот отколку вистински.

8. Њујорк е појужно отколку Рим, Италија.

9. Мамутите исчезнале по 1.000 години откако Египќаните ја извршиле изградбата на Кеопсовата пирамида.

10. Факс-машините биле создадени истата година кога луѓето патувале со вагонот Орегон.

11. 1998 година е исто далеку колку 2030 година.

12. Морковите на почеток биле виолетови.

13. Франција сè уште извршувала убиства на луѓе со гилотина кога излегол првиот филм Star Wars.

14. Постојат повеќе јавни библиотеки отколку ресторани „Мекдоналдс“ во Америка.

15. Луѓето делат 50% од нивната ДНК со банани.

16. Октоподот има три срца.

17. Во езерото Супериор има доволно вода за да се покријат Северна и Јужна Америка.

18. Постои кошаркарско игралиште на горниот кат на американскиот Врховен суд кое е познато како „Највисокото игралиште во земјата“.

19. TI-83 калкулатор има шест пати поголема процесорска моќ од компјутерот на Аполо 11, кој слетал на Месечината.

20. Саудиска Арабија увезува камили од Австралија.

21. Името Џесика било создадено од Шекспир во претставата „Венецијанскиот трговец“.

22. Ако ги ставите прстите во ушите и почнете да се чешате, звукот е сличен како на играта Pac-Man.

23. Секоја година стотици нови дрвја растат бидејќи верверичките забораваат каде ги закопале своите ореви.

24. На Сатурн и на Јупитер врнат дијаманти.

25. Постојат повеќе атоми во една чаша вода отколку што постојат чаши вода во сите океани на Земјата.

26. На секои две минути ние правиме повеќе фотографии отколку што целото човештво правело во 19 век.

27. Мејн е најблиската американска држава до Африка.

28. Сламката има само една дупка.

29. Алјаска е истовремено најсеверната, најзападната и најисточната држава во Америка.

30. Делфините си имаат имиња еден за друг.

31. Целосното име на играчката Барби е Барбара Милисент Робертс.

32. Веројатноста да испиете чаша вода која содржи молекул на вода кој поминал низ диносаурус е 100%.

33. Кога ќе се сетите на животен настан, исто така се сеќавате на последниот пат кога сте се сетиле, а не на вистинскиот настан.

34. Северна Кореја и Финска се одделени со една земја.

35. Оргазмот на едно прасе може да трае 30 минути.

36. Денот на Венера е подолг од една година на Венера.

37. Постојат истражувања кои покажуваат дека и козите имаат акцент.

38. Не можете да дишите и да голтате во исто време.

39. Чоколадното млеко било измислено во Ирска.

40. Германскиот јазик е вториот најзборуван јазик во Северна Дакота.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава