X
 03.08.2021 Живот

Ова се најдобрите авионски компании за 2021 година

Годинава, како и претходната, беше посебна за авионските компании. Многу од ваквите компании продолжуваат да бележат загуби поради пандемијата. Но, авионскиот сообраќај полека се враќа во нормала во некои места.

Веб-страницата „Ерлајн рејтингс“, која секоја година објавува листа од најдобри авионски компании во светот, неодамна објави најнова ранг-листа за 2021 година. Веб-страницата ја прави ранг-листата врз основа на повеќе критериуми, како староста на авионите, оцени од патниците и понуда на производи, пренесува Си-ен-ен. Оваа година, во рангирањето биле вклучени и мерките на компаниите поврзани со пандемијата.

Ова се најдобрите авионски компании во 2021 според „Ерлајн рејтингс“.

1. „Катар ервејс“ (Qatar Airways)
2. „Ер Њу Зиланд“ (Air New Zealand)
3. „Сингапур ерлајнс“ (Singapore Airlines)
4. „Кантас“ (Qantas)
5. „Емирејтс“ (Emirates)
6. „Катај пасифик“ (Cathay Pacific)
7. „Вирџин атлантик“ (Virgin Atlantic)
8. „Јунајтед ерлајнс“ (United Airlines)
9. „ЕВА ер“ (EVA Air)
10. „Бритиш ервејс“ (British Airways)

Извор: CNN
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот