X
 03.08.2021 Живот

„When In Krusevo“ се враќа со адреналинска програма и концерти

Оваа година фестивалот „When In Krusevo“ повторно се враќа со добро познатата програма и концертите со познати бендови и диџеи кои едвај ги чекавме! Фестивалот ќе се одржи од 6 до 8 август во најaутдор градот Крушево, а организаторите гарантираат многу адреналин и забава.

Понудата на различни планински тури, авантуристички активности и други интересни содржини е вклучена во картата од само 500 денари. Стандардно се вклучени планинските и велосипедските тури низ богатата крушевска природа, билети за посета на три музеи и кампинг простор покрај спокојното крушевско езеро. Покрај овие активности, учесниците ќе добијат попуст за параглајдинг, јавање на коњи, кајак и SUP, а оваа година ќе имаат и можност да учествуваат и да го проследат интернационалниот настан Krushevo Trail Challenge (повеќе инфо на истоимениот настан на „Фејсбук“).

Музичката програма резервирана за вечерната забава до раните утрински часови, ќе биде исполнета со добро познатите рок бендови Rock Symphony и The Hounds, претставувајќи ги своите последни хитови, вклучувајќи го и најновиот на The Hounds – Тишина. Организаторот најавува уште еден голем концертен спектакл за прв пат во Крушево, кој ќе биде откриен во следниот период!



Од диџејската програма, главниот носител ќе биде Dj Галоски кој успешно ја гради својата кариера на интернационално ниво. Тој ќе се претстави со неговите добро познати техно траки како и промоција на своите најнови хитови, меѓу кои и Casualty која добива милионска слушаност на Spotify. Исто така програмата ќе биде дополнета со поддршка од локалните диџеи и DJ Babura Junior, особено познат на помладата публика.

За големиот број на заинтересирани учесници ќе биде обезбедена посебна камп-зона со сите потребни услови, а секако на располагање ќе бидат и приватните и хотелските капацитети во Крушево.

Цената за карта за ова незаборавно тридневното држење во Крушево е 500 денари (400 денари за групна карта 4+1), која може да ја купите на продажната мрежа на MkTickets (www.mktickets.mk), како и да се пријавите за учество на wheninkrusevo.mk.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот