X
 03.08.2023 Здравје

Нов преносен скенер може да открива рак на дојка во домот

Турскиот научник Канан Дагдевирен, која е позната по својата револуционерна работа на преносна медицинска технологија, измислила преносен ултразвучен скенер кој може да открие рак на дојка без посета на болница. Жените може да го вградат уредот во својот градник за да ја следат здравствената состојба и да откријат потенцијален рак на дојката.

- Ја сменивме формата на ултразвучната технологија за да може да се користи во домот. Преносен е и едноставен за користење и овозможува следење на ткивото во дојката во реално време, па е едноставно за користење - објаснила Дагдевирен.



Таа била инспирирана да работи на уредот од нејзината покојна тетка, која починала во период од шест месеци по дијагнозата на рак на дојка, иако редовно се проверувала.

Дагдевирен има и други изуми од областа на медицинската технологија, како преносен пејсмејкер и машина која може да дијагностицира рак на кожата за 10 секунди.


Извор: Klix
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје