X
 03.08.2023 Наука

Пиењето кафе му дава посебен поттик на мозокот, велат научниците

За многумина, првото кафе во денот е единственото нешто што може да ги разбуди наутро. И излегува дека зад тоа стои вистинска наука.

Секој знае дека кафето го обезбедува нашето тело со доза на кофеин, но сега е откриено дека кафето ни дава и дополнителен „посебен поттик“.

Всушност, новото истражување покажува дека пиењето топло кафе активира дополнителни области на мозокот.

Експертите велат дека пиењето кафе всушност ја зголемува поврзаноста на понапредната нервна мрежа на мозокот што го контролира видот и другите делови вклучени во работната меморија, когнитивната контрола и однесувањето насочено кон целта - нешто што не беше пронајдено кога учесниците консумирале само кофеин.

- По кафето, испитаниците беа поподготвени за акција и попретпазливи за надворешни стимули - вели коавторот на истражувањето, Марија Пико-Перез.

Извор: Indy100.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука