X
 03.10.2022 Живот

Зошто Холанѓаните никогаш не се извинуваат?

Холандија можеби е мала земја, но Холанѓаните се познати по многу нешта: возење велосипед, сирење, кафулиња, ветерници и тоа што се највисоки луѓе на светот. Но, постои нешто што ретко го прават.

Речиси никогаш не се извинуваат.

Експертот Саскија Марсе вели дека постои културна причина за ова.

- Холанѓаните се познати по тоа што се директни, а тоа значи дека пораките се доста прецизни и јасни. Додека во повеќето земји стилот на комуникација е индиректен, што значи дека за да разбереш, ќе мораш да погледнеш во основните вредности. Во британскиот комуникациски стил постои поголема учтивост, дипломатија и тактика, додека во холандскиот, доколку погледнеш во основните вредности, тие се поврзани со транспарентност, отвореност и искреност - вели таа.

- Родена сум во Индонезија. Пораснав во измешани култури. Постојат две различни страни, бидејќи Индонезијците воопшто не се директни и имаме тенденција да разговараме околу работите, додека Холанѓаните сметаат дека ако сакаш да кажеш нешто, треба да го кажеш некому в лице и да бидеш директен. Едноставно, кажи која ти е целта: Што сакаш? - вели Верена.

- Генерално, велат дека им е жал, но само ако навистина го мислат тоа. Во британскиот комуникациски стил зборот извини се користи за човек да биде подипломатски или поучтив, додека ние Холанѓаните велиме: „Велиш извини само ако навистина сакаш да се извиниш“ - вели Саскија.

Овој културен тренд има интересно и практично потекло.

- Ако погледнете во историјата, имаме еден чест непријател - водата. Пред многу децении луѓето биле принудени да работат заедно за да најдат решение за битката против водата. Она што го направиле било седење околу масите, долго време дискутирајќи и размислувајќи. Во тоа време неопходни било да се биде искрен за сопствените идеи, мисли и мислења за да откријат заедничко решение. За да им бидат разбрани мислењата и идеите, морало сите да се гледаат еднакво. Тоа се применува и ден-денес и е дел од стилот на комуникација.


Извор: BBC
Фото: Screenshot/BBC
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот