X
 03.11.2018 Култура

Промоција на сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ во „Просветно дело“

Сликовницата „Светот на Биби од А до Ш“ ќе биде промовирана вечерва во 18 часот во книжарницата „Просветно дело“ во „Скопје сити мол“. Делото, кое е проект на Факултети.мк и Деца.мк, од пред неколку дена може да се најде во сите книжарници на „Просветно дело“, Литература.мк и „ТРИ“.

Верната детска публика која веќе ужива во видеосодржините на Биби, заедно со родителите, ќе има можност да се запознае со авторите на сликовницата. За текстот на сликовницата се погрижи Билјана Црвенковска, додека за илустрациите – Михајло Димитриевски–Тхе Мичо. Тие ќе се дружат со децата, а и ќе потпишуваат примероци од сликовницата.

За важноста на едно вакво издание ќе зборува Александра Јуруковска, литературна критичарка.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура