X
 09.05.2024 Култура

Крими-комедија со Џон Хам за брзо време се искачи на топ-листата на „Нетфликс“

Неодамна на „Нетфликс“ почна да се прикажува филмот „Признај, Флеч“ (англ. Confess Fletch).

Овој филм на Грег Мотола е доста симпатичен со откачени ликови и софистициран портрет на Ирвин Флечер, кој го глуми Џон Хам, познат по серијата „Момците од Медисон“.

Флеч е новинар кој стана приватен детектив и некако секогаш запаѓа во неволја. Флеч е детектив ангажиран за работа во Рим од убавата и мистериозна наследничка Ангела де Граси (ја глуми Лоренца Изо) затоа што биле украдени скапите семејни слики на нејзиниот татко, вклучувајќи и слика од Пикасо.

Но, по сплет на околности, Флеч е наместен за убиство. Но, од кого? Сето ова доаѓа заедно со откачена низа споредни улоги.

 

Извор: Lolamagazin.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура