X
 03.12.2021 Живот

Отворање пристапни инклузивни игралишта на Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост - 3 Декември со отворање две пристапни инклузивни игралишта во две основни училишта, во ООУ „Наим Фрашери“ - Тетово и ООУ „Браќа Миладиновци“ - Куманово.

Проектот е финансиран од Европската Унија, а со овие активности проектот заокружува 15 месеци успешна работа во насока на суштинско вклучување на учениците со попреченост во редовните основни училишта. Дел од успешните проектни активности на оваа организација се обезбедувањето месечни стипендии за 464 ученици; 287 наставници и претставници на стручните служби ги подобрија своите знаења за инклузивно образование, диференцирана настава и работа со различни типови попреченост; опремени се и ставени во функција сензорни соби во пет училишта, како и шест инклузивни игралишта во училишни дворови, а асистивна технологија е доделена на четири училишта. Истовремено, обезбедена е туторска поддршка за учениците-стипендисти и реализирана е кампања за подигнување на јавната свест за важноста од инклузивното образование.



Овој проект има цел да им помогне на училиштата каде што учат млади со попреченост - и во моментот има активен повик достапен на веб-страницата на Фондацијата „Чекор по чекор“.

Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со своите партнери - Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хендимак“ и во соработка со МОН.



Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот