X
 02.12.2017 Култура

Децата со попреченост од центарот „Порака“ ги покажаа своите актерски способности

„Бакнати од сонцето“ е насловот на претставата што ќе биде изведена утревечер во 19 часот во Културниот центар „Мала станица“ во Скопје, по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.
Претставата ја работеа членовите на „Театар Пи“, актерите Златко Митрески и Македонка Илиевска, заедно со актери-лица со интелектуална попреченост од Дневниот центар „Порака“ од Скопје.


Во перформансот, учесниците преку игра, танц и иновативно користење на проектирани видеоклипови ги презентираат своите светогледи, говорат за нивните потреби, но и искажуваат една универзална љубов кон актерската игра, потребата за себеизразување и потребата да бидат разбрани и прифатени од општеството, велат авторите од „Театар Пи“. Влезот за претставата е бесплатен.

Претставата досега е изведена на фестивалот Млад отворен театар.
Погледнете го трејлерот од претставата:

Подготвил: С.Ѓ

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура