X
 04.04.2017 Култура

„Дејствувајте како личноста која би сакале да бидете и наскоро таква и ќе станете“ – Леонард Коен

Лоенард Коен беше поет на љубовта и смртта, ненадминат писател и композитор, длабоко понирајќи во сопствената осама стана возвишен, духовен глас на својата генерација.


Фото: Wikipedia

Тој освен музичкото богатство зад себе остави и неколку цитати:

„Една жена го гледа нејзното тело со тешкотии, како и секој неверодостоен сојузник во борбата за љубов.“

„Дејствувајте како личноста која сакате да бидете, и наскоро таква и ќе станете.“

„Песимистите се луѓе кои носат чадор и кога нема траги од облаци.“

„Поезијата е само доказ за живот. Ако твојот живот гори добро, поезијата е само пепел.“

„Ниедна жена не е толку убава да не сака за нејзината убавина да се зборува во стихови.“

„Постои пукнатина во сѐ затоа што на тој начин влегува светло.“

„Терминот клиничка депресија денес премногу се појавува во разговорите. Човек би можел да помисли дека се случила катастрофа во делови на психата.“

„Децата покажуваат лузни како медали. Љубовниците ги користат како тајни да бидат откриени. Лузните се појавуваат кога зборот се материјализира.“
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура