X
 04.07.2023 Економија

Какви се цените во маркетите во Грција, Црна Гора и во Турција?

Сезоната на годишни одмори започна, а голем број туристи од регионот одбираат апартмани наместо луксузни хотели, што значи дека имаат пристап до кујна и нема да го јадат секој оброк во ресторан. Еве колку пари треба да одвоите за основните намирници во три популарни летни дестинации - Грција, Црна Гора и Турција.

Грција

Цените во Грција може да варираат од место до место, но во големите синџири маркети кои имаат продавници во речиси сите туристички места овие разлики не се драстични. Што се однесува до основните намирници, цената на лебот се движи од 1,1 до 1,9 евра, литар млеко може да се купи за 1 евро, но и за 2,5, а јогуртот чини од 2 до 4 евра.

Просечно пакување тестенини чини 1 или 2 евра, а килограм фета-сирење чини меѓу 7 и 11 евра. Килограм домати чини од 1,5 до 2,5 евра, една краставица е од 0,5 до 0,8 евра, а килограм компири чини од 1 до 2 евра. Килограм пиперки се движи од 2 до 3 евра, а тиквички од 0,8 до 1,3 евра. Еден килограм јаболка чини од 0,9 до 2,2 евра, праските може да се купат за цена од 1,8 до 2,5 евра, а лубеницата чини од 1,2 до 2 евра за килограм.

Што се однесува до рибата, цената зависи од видот, па килограм може да се купи за 5,5, но и за 15 евра. Килограм мелено месо чини од 6,5 до 7,5 евра, а килограм пилешки медалјони чини 9,7 евра. Пакет од шест шишиња вода од литар и пол чини од 1,1 до 2 евра, а половина литар грчко пиво чини од 0,8 до 2 евра.

Црна Гора

Во популарен синџир на маркети во Црна Гора лебот чини 0,9 евра, литар млеко во просек 1,5 евро, додека јогуртот е околу 1,45 евра. Пакување тестенини варира од половина евро до 2 евра, а килограм фета-сирење чини од 2 до 10 евра. Еден килограм домати чини од 2,29 до 3 евра, краставиците од 1,29 до 1,39 евра, додека килограм компири околу 1,09 евра. Цената за килограм пиперки се движи меѓу 1,59 и 2,49 евра, а тиквичките се 1,09 евра.


Фото: Pixabay

Килограм јаболка чини од 1,29 до 1,59 евра, додека праските од 2,39 до 2,79 евра. Килограм лубеница чини 0,89 евра. Што се однесува до рибата, во зависност од видот, килограм чини од 2,29 до 38 евра. Меленото говедско месо чини околу 7 евра за килограм, а килограм пилешко филе е околу 9,5 евра.

Литар и пол негазирана вода чини од 0,59 до 0,79 евра. Ако сакате да испиете половина литар пиво, во просек ќе ве чини околу 1,15 евра.

Турција

Кога станува збор за цените на основната храна во Турција, тие исто така драстично варираат од град до град, но се пониски во споредба со претходните две дестинации. Просечната цена на лебот е 9,59 лири, што е 0,34 евра. Литар млеко во просек чини 24,94 лири, односно 0,88 евра, а килограм домашно сирење 155,76 лири, односно 5,47 евра.

Килограм домати чини 22,1 лири, односно 0,77 евра, додека просечната цена за килограм компири е 15,28 лири, поточно 0,54 евра, а за зелена салата во просек треба да платите 13,71 лири, односно 0,48 евра. Килограм јаболка чини 18,24 лири, што е 0,64 евра, а килограм банани чини 28,03 лири или 0,98 евра. Килограм пилешко филе во просек чини 93,04 лири, односно 3,27 евра, додека мелено месо чини 268,31 лири, односно околу 9,4 евра.

Литар и пол вода чини околу 6,73 лири или 0,24 евра, а шише пиво произведено од турски производител во просек е 39,4 лири или 1,38 евра. 

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија