X
 04.09.2022 Живот

Ќе се отвори синџир на кафулиња „Централ перк“ инспирирани од „Пријатели“

Малку фиктивни кафулиња се популарни како „Централ перк“ (англ. Central perk), кафулето во серијата „Пријатели“. Наскоро обожавателите на оваа серија низ светот ќе може да посетат вакво кафуле на повеќе локации.



Компанијата „Варнер брос“ планира да отвори синџир на кафулиња „Централ перк“ кои ќе изгледаат како она во серијата. Првото кафуле треба да биде отворено следната година, иако уште не се знае локацијата.



Компанијата веќе има и веб-страница каде што обожавателите може да си порачаат брендирано кафе со имиња инспирирани од серијата.


Извор: Mental floss
Насловна фотографија: Instagram (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот