X
 25.04.2022 Живот

Зошто сакаме постојано да ги гледаме истите серии и филмови?

Последниве години во светот се снимаат толку многу серии и филмови, што дури и да сакаме, не можеме да ги изгледаме сите. Но доколку сте од оние луѓе што ја гледаат омилената серија или филм повеќепати, не сте единствени. Психолозите наведуваат неколку причини за ова.

Утеха

Како што некои луѓе јадат брза храна кога им е тешко, други им се вртат на омилените ликови во моменти на тага и меланхолија. Познатото сценарио има смирувачки ефект во овој непредвидлив свет.

Навика

Дел од одговорот лежи во навиката бидејќи ние сме суштества кои правиме многу работи автоматски. Затоа, ако ја видиме омилената серија на телевизија, автоматски ја следиме бидејќи истото сме го направиле и претходно.


Фото: Pixabay

Мрзливост

Понекогаш луѓето се држат до претходните одлуки бидејќи ги исцрпува донесувањето нови одлуки. Затоа, некогаш знаете дека една серија е смешна и ќе ве опушти, па затоа не сакате да ризикувате со нешто ново и барањето нова серија ќе ви одземе енергија.

Носталгија

Гледајќи некои серии, се потсетуваме на своето детство или младоста, на убави моменти од минатото. Овие серии нè асоцираат на  безгрижно време и драги луѓе, па затоа ги гледаме повторно и повторно.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот