X
 04.10.2023 Наука

Питагоровата теорема најдена на табла 1.000 години постара од Питагора

Изразот Питагорова теорема е доволен за да се потсетиме на часовите и тестовите по математика од основно училиште. Оваа равенка била наречена по грчкиот филозоф Питагора. Меѓутоа, се чини дека некој ја користел истата равенка 1.000 години пред времето во кое живеел Питагора.

Група археолози ја открија равенката на вавилонска табла која се користела за учење во 1770 година пр.н.е., векови пред Питагора, кој е роден околу 570 година пр.н.е. Друга постара табла што датира помеѓу 1800 и 1600 години пр.н.е. содржи скица на квадрат со означени триаголници во него.

Ова покажува дека древните вавилонци биле запознаени со Питагоровата теорема (иако не ја знаеле како таква) и други напредни математички принципи.

Останува прашањето зошто равенката се поврзува со Питагора? Веројатно затоа што самиот тој го сакал тоа. Археолозите објаснуваат дека Питагора е познат како математичар, но малку се знае за неговите математички достигнувања. Тој не напишал книги и нема пишан доказ за неговата работа.

Има доказ дека тој основал училиште кое следело тајни правила, а неговото знаење се пренесувало од генерација на генерација. Затоа, многу откритија направени од неговите ученици веројатно се пренесувале како негови откритија.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука