X
 04.12.2018 Технологија

Најголемите проекти што ги направила Кина низ целиот свет

Градежните проекти се еден од подобрите примери како Кина стана светска велесила. Преку градежните проекти, Кина сака да создаде силна меѓународна врска.

Kина моментално низ светот има 600 проекти. Со 41 плиновод и нафтовод, Кина сака да обезбеди пристап до важни ресурси. Гради 203 моста, патишта и железнички пруги, со кои сака да обезбеди нови транспортни канали низ светот. Гради вкупно 199 електрани во кои спаѓаат нуклеарни, плински, електрани на јаглен и електрани на обновливи извори на енергија. Со тие проекти Кина обезбедува нови градежни проекти. Исто така, Кина финансира проекти во 112 земји, а повеќето од нив спаѓаат во иницијативата „Белт енд Роуд“, што вклучува големи инфраструктурни проекти.

1
Фото: Maxpixel

Кина има различен став од другите земји кога станува збор за градежни и еколошки проекти. За на своите проекти да имаат доволно луѓе, кинеските компании често испраќаат свои работници на проекти надвор од Кина. Ваквите проекти често се под напад на критичарите бидејќи кинеските компании не вработуваат доволно локални работници.

Кинезите се фокусираат на своите соседи. Им позајмуваат пари за огромни градежни проекти, како изградба на патишта и автопати. Пакистан токму останува без пари поради долговите што ги има кон Кина. Речиси половина од електричната енергија на Камбоџа се генерира од седум хидроелектрани. Сите седум ги изгради Кина. Браната Камчај на јужниот брег на Камбоџа, Кинезите почнаа да ја градат во 2007 година, завршена е кон крајот на 2011 година, а е пуштена во употреба во 2012 година. Висока е 112 метри, а чинела 280 милиони долари и е четвртата најголема хидроелектрана во Камбоџа.

2
Фото: Printscreen/Google Earth


Шри Ланка позајмила повеќе од 1,4 милијарда долари од Кина за своето длабокоморско стратешко пристаниште Хамбантота, но никако не можела да ги врати парите. Сега Кина го контролира пристаништето.

Една од 63-те термоелектрани на јаглен што Кинезите ги финансираат во светот се наоѓа во Јужноафриканската Република. Електраната „Медупи“ моментално е во фаза на изградба, а очекуваната вкупна сила изнесува 4.764 MW.

6
Фото: Screenshot/Google Earth


Самиот Пекинг се откажа од еколошко неприфатливи електрани, но не се откажуваат од изградба на такви проекти надвор од Кина. Со „Медупи“ во Јужна Африка, една таква се наоѓа и близу Сиханоуквиле во Камбоџа. Вкупната сила е 945 MW.

Замбија одлучи на Кинезите да им довери изградба на фудбалски стадион, вреден 94 милиони долари, со 50.000 седишта. „Хироус Нешнл“ е само еден од 600. проекти низ светот со кои Кина сака да создаде нови пријателства, но и да изгради идни пазари.

8
Фото: Screenshot/Google Earth


Кинеските проекти некогаш не завршуваат успешно. Во некои случаи земјите влегуваат во финансиски проблеми, така што мора повторно да преговараат околу своите кредити, што често ги става во уште поголем долг. Поради тоа, некои од проектите никогаш не завршуваат. Еден од нив е еквадорската пацифичка рафинерија, за која Еквадор потрошил милијарда долари за подготовка на теренот. Кинезите требало да изградат рафинерија вредна 12 милијарди долари, со површина од 5 квадратни километри, а проектот требаше да биде изграден во 2013 година. Изградбата нема ни започнато.

Браната Текезе на истоимената река е една од притоките на реката Нил, а се наоѓа во етиопската провинција Тигреј. Изградбата почнала во 1999 година, а хидроелектраната е пуштена во работа во февруари 2009 година. Нејзината вкупна цена за изградба била 360 милиони долари, што е за 136 милиони повеќе од предвиденото.

tekeze
Фото: Screenshot/Google Earth

Браната Мерове, која се наоѓа во близина на суданскиот град Мерове, е изградена во период од 5 години и пуштена во работа во 2009 година. Вкупната сила е 1.250 MW, а цената на изградба изнесувала 1,5 милијарда долари. Сместена е на реката Нил, околу 350 километри од главниот град на Судан, Картум.

Вкупната цена на изградбата на браната на реката Кафуе во Замбија изнесува над 2 милијарди долари, што вклучува цена на изградба од 1,58 милијарда долари, 43 милиони за финансии, 100 милиони за осигурување и 312 милиони на камата од кредит. Еден дел од проектот бил финансиран од замбиската влада со 186 милиони долари, додека останатиот дел го финансира кинеската банка Ексим. Изградбата на овој мегапроект го презела корпорацијата „Синохидро“ од Кина.

1
Фото: Screenshot/Google Earth

Еден од 600. проекти низ светот е и изградбата на Пелешкиот мост. Проектот го презеде „Чајна роуд енд бриџ корпорејшн“, а рокот на завршувањето е до 2021 година. Компанијата е основана во 1979 година, а меѓу проектите е и 55-километарски мост што ги спојува Хонг Конг, Џухај и Макао.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија