X
 04.12.2023 Живот

Погледнете го првиот тизер за „Куќа на змејовите“, една од најпопуларните серии на Ејч-би-о

Ејч-би-о го објави првиот тизер за долгоочекуваната втора сезона на популарната серија „Куќа на змејот“ за која многумина напишаа дека го надминала својот претходник „Игра на троновите“.

Втората сезона на хит-серијата на Ејч-би-о ќе го прикаже почетокот на крвавата војна помеѓу престолонаследничката Ренира Таргариен и нејзиниот помлад полубрат Аегон II Таргариен.

- Ниту една војна не е толку омразена меѓу боговите колку војната меѓу роднините - вели Ренира во тизерот, а нејзината тетка и сојузник, Ренис Таргариен, на тоа додава: - Ниту една војна не е покрвава од војната меѓу змејовите.

Актерската екипа на новата сезона ја сочинуваат главните и споредните актери кои веќе ги видовме во првата сезона: Мет Смит, Оливија Кук, Ема Дарси, Ив Бест, Стив Тусен, Фабиен Френкел, Јуан Мичел, Том Глин-Карни, Соноја Мизуно, Рис Ифанс, Хари Колет, Бетани Антонија, Фиби Кембел, Фиа Сабан, Џеферсон Хол и Метју Нидам.

Ним им се придружуваат Том Тејлор, Клинтон Либерти, Џејми Кена, Киран Бив, Том Бенет, Винсент Реган, Абубакар Салим, Гејл Ранкин, Фреди Фокс и Сајмон Расел Бил.

 

Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот