X
 24.04.2021 Култура

Фотографии од снимањето на специјалната епизода на „Пријатели“. Што знаеме и што можеме да очекуваме?

По речиси 17 години, шесте најпознати пријатели се собраа за епизодата “The One With The Reunion“, чие снимање заврши пред две недели.

Специјалното шоу повторно ја обедини оригиналната екипа: Метју Пери (Чендлер), Џенифер Анистон (Рејчел), Кортни Кокс (Моника), Лиза Кудроу (Фиби), Мет Лебланк (Џои) и Дејвид Швимер (Рос).

Епизодата ќе се емитува на стриминг-платформата „Ејч-би-о Макс“, иако датумот на премиерата сѐ уште не е познат и допрва ќе да биде објавен, но се очекува да биде во текот на следните неколку месеци.

„Пријатели“ беше најгледаната ситком-серија во текот на 90-тите години и најде нова генерација обожаватели благодарение на „Нетфликс“ и сега на „Ејч-би-о“ (серијата сега се емитува на оваа стриминг-платформа).


Продуценти на специјалната епизода се Кевин Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн, кои беа и креатори на серијата, а Бен Винстон се појавува како режисер.

Што ќе се случува во епизодата е прилично голема тајна, но еве што се знае засега.

И понатаму се присутни сите оние реквизити што ги гледавме во серијата


Снимањето на специјалната епизода се одвиваше на оригиналната сцена, сцена 24, во „Варнер брос“ во Бурбанк, Калифорнија.

За време на снимањето имало публика, иако таа претежно била составена од статисти, тестирани за ковид-19 и ангажирани токму за серијата.

Обновениот сет - делумно базиран на отворено поради безбедносни ковид-протоколи, ја вклучува познатата фонтана што се појавува на најавната шпица заедно со песната „I'll Be There For You“ на „Рембрантс“.

Останува да видиме колку други познати предмети ќе се појават, но се чини дека сликите што кружат низ социјалните мрежи покажуваат дека се присутни многу сакани предмети од станот на Моника, вклучувајќи ги и троседот и празната рамка за слика на нејзината врата.

Чендлер повторно „прави“ проблеми

Чендлер Бинг беше познат по неговата духовитост, а актерот Метју Пери беше целосно влезен во неговиот лик во саботата кога ја објави, а потоа и ја избриша фотографијата на која се наоѓа на шминкерско столче. Под фотографијата пишуваше: „Неколку секунди пред да ја изедам четката за шминкање. Да не споменам повторно обединување со моите Пријатели.

metju
Фото: Instagram/Mattyperry4

Тој беше еден од најкомуникативните извори за повторно обединување и беше првиот што ги потврди деталите за одложувањето на снимањето поради ковид-19 минатата година.

Содржината на специјалната епизода


Уште откако Ејч-би-о го потврди снимањето на специјалната епизода, се појавија шпекулации до кој степен, и ако воопшто, актерската екипа ќе ги повтори своите улоги.

- Ќе бидам себеси. Ќе бидам Дејвид. Нема да глумиме ликови. Ќе бидеме ние, вистинските луѓе - изјави Дејвид Швимер.

- Но, во еден дел, не би сакал да откривам, сите ние ќе читаме нешто - додава тој.



И Џенифер Анистон не беше доволно јасна на едно интервју за тоа каква ќе биде содржината на специјалната епизода.

- Нема да бидам Рејчел, иако на некој начин сум. Сите ние сме мали фрагменти од нив - изјави таа.

Извор: ВВС
Фото: Twitter | Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура