X
 05.06.2019

Голема е веројатноста човечката цивилизација да биде уништена до 2050 година

Вознемирувачка австралиска анализа за климатските промени вели дека човечката цивилизација ќе биде уништена до 2050 година доколку човештвото не се справи со претстојната закана од климатските промени.

Анализата заклучува дека климатските промени се актуелен и егзистенцијален ризик за националната безбедност што се заканува со предвремено исчезнување на интелигентниот живот на Земјата или постојано и драстично уништување на нејзиниот потенцијал за посакуван иден развој.

Со други зборови, светот е на пат што води до крајот на човечката цивилизација и модерното општество какво што го знаеме.

До 2050 година човечките системи би можеле да достигнат точка без враќање во која непогодната Земја за живот ќе доведе до распаѓање на нациите и на меѓународниот поредок. Затоа, истражувањето повикува на општествена, итна мобилизација на трудот и ресурсите, што ќе биде слична во обем со итната мобилизација од Втората светска војна.

Дел од решението ќе биде создавање електрична енергија без јаглероден диоксид и голема електрификација за да се создаде стратегија за нула-јаглерод.

Целта е да се ограничи глобалното затоплување на само 1,5 Целзиусов степен, а не три степени за кои претходните извештаи предупредуваа.

- Дури и со затоплување од 2 Целзиусови степени повеќе од милијарда луѓе можеби ќе мора да се преселат, а во полошо сценарио обемот на уништување би бил надвор од нашиот капацитет да го моделираме со голема веројатност дека човечката цивилизација ќе заврши - се вели во извештајот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk