X
 05.09.2018 Наука

Направен часовник кој нема да доцни ни секунда ни по 40 милиони години

Австралиските научници го направија најпрецизниот часовник. Освен што го покажува времето, часовникот ќе помогне и во обезбедување на земјата.

Криогениот сафирен осцилатор е часовник на кој научниците од Аделаида работеле 20 години. Тој е 1.000 пати попрецизен од кој било комерцијален систем и отчукува 10 милијарди пати во секунда.

Неговото име се однесува на сафирниот кристал од 1.200 карати што мора да се олади на -267 Целзиусови степени, односно само неколку степени над апсолутната нула. Прецизните часовници се клучни за цела низа електрични уреди, но овој сафирен часовник ќе се користи за да се подобри чувствителноста на радарската мрежа ЈОРН што се користи како систем за рано предупредување.

Австралискиот одбранбен систем ја користи оваа радарска мрежа за да детектира закани од воздухот или од морето. Колку се сигналите почисти, толку радарот може полесно да препознае помали и побавни објекти од поголема оддалеченост.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука