X
 05.09.2023 Наука

Пентагон претстави веб-страница за сите декласифицирани видеа од НЛО

Канцеларијата за неидентификувани летечки објекти (НЛО) на Пентагон објави нова веб-страница на која може да се гледаат сите декласифицирани видеа од таканаречени неидентификувани воздушни феномени.

Министерството за одбрана на САД ја објавува веб-страницата за да ѝ го олесни пристапот до видеата од НЛО на јавноста, но и да овозможи простор за известување за нови искуства со необјаснети феномени на небото.

На веб-страницата моментално има осум видеа од НЛО, но не се објавени детални информации за секој случај. Сите видеа и информации се доставени од вработени лица во владата или армијата на САД, но не и од други жители.

Веб-страницата со видеа од НЛО можете да ја најдете овде.


Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука