X
 27.12.2023 Наука

Веб-страница открива кои диносауруси живееле во близина на вашиот дом

Сакате да знаете каков вид диносауруси живееле на местото каде што вие живеете? Интересна веб-страница нуди тродимензионален поглед на Земјата и опција да се види како изгледала планетата во последните 750 милиони години.

Веб-страницата развиена од инженерот Ијан Вебстер нуди опција и да внесете град и да го видите развивањето на таа локација низ историјата. Веб-страницата нуди информации за развојот, како и податоци за пронајдени фосили од диносауруси во близина. Така, може да се заклучи какви диносауруси живееле порано на истата локација.

Веб-страницата нуди и опција за „патување“ до местата на појавување на првите алги, инсекти, диносауруси итн.

Можете да ја посетите веб-страницата овде.

Извор: Futurism
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука