X
 06.02.2020 Живот

Подгответе се за најголемата полна снежна месечина во 2020 година

Набљудувачите на небото имаат шанса да ја видат снежната месечина, која ќе биде една од најголемите полни месечини оваа година. Месечината ќе биде видлива на небото на 8 и 9 февруари.

Февруарската полна месечина најдобро ќе може да се види ноќта на 8 февруари. Ќе се издигне на исток и ќе ја достигне својата највисока точка на небото на полноќ.

Некои експерти ја опишуваат претстојната полна месечина како супермесечина, иако други сметаат дека таа не се квалификува да биде супермесечина. Супермесечините се случуваат кога елиптичната орбита ја носи Месечината до најблиската точка до Земјата, додека Месечината е полна. Фразата била создадена во 1979 година.

Иако месечината на 9 февруари ќе биде четврта по големина за 2020 година, некои експерти користат различни пресметки за дефинирање на супермесечина.

Наречена „снежна месечина“, февруарската полна месечина играла важна улога во индијанската култура.

- Како втора месечина на зимата, домородните индијански племиња што живееле во денешните северни и источни области на САД ја нарекле снежна месечина или месечина на глад. Позната е како снежна месечина поради големите снегови што паѓаат во текот на оваа сезона - објаснува НАСА.

Фото: Pixabay
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот