X
 06.02.2023 Живот

Дали знаете што е токсична позитивност?

Денес стана модерно да се биде позитивен. Многу луѓе бараат помош на интернет за тоа како да ги сопрат негативните мисли или да останат на високи вибрации, што на крајот може да доведе до полоша ситуација.

Кога некоја личност е опфатена со ова претерано чувство на токсична позитивност, таа ги отфрла и ги негира сите искуства што нè прават луѓе, и го живее животот на тој начин, одбивајќи да прифати емпатија, мислејќи: „сè ќе биде во ред“, „треба да помине време“ и слично, што не претставува начин за подобрување на состојбата.

Ако личноста навистина сака таква повратна информација, обидете се да ѝ ја објасните разликата.

Еве како можете да препознаете токсична позитивност:

1. Кога го криете она што навистина го чувствувате;
2. Кога ги отфрлате вашите емоции;
3. Кога се чувствувате виновни за негативните емоции што ги чувствувате;
4. Кога ги минимизирате туѓите искуства со тоа што ќе си речете: „не размислувај за тоа“;
5. Кога ќе покажете друга перспектива на начин кој не е толку лош;
6. Кога правите другите да се чувствуваат непријатно затоа што чувствуваат негативна емоција.

Наместо да кажете: „само биди позитивен“, кажете навистина како стојат работите: „Многу нешта можат да тргнат наопаку; да видиме што добро може да излезе од тоа“.

Кај токсичната негативност треба да знаете и дека вашата позитивност кон другата страна може да се толкува и како лажно чувство на загриженост или интерес за проблемот. Навистина е важно искрено и реално да одговорите на емоциите што ви се искажани и да дадете чиста емпатија, никогаш оптимизам.

Не обидувајте се да ги поправите чувствата на една личност, само кажете ѝ дека сте тука за неа.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот