X
 06.09.2022 Технологија

„Нетфликс“ ќе воведе опција за реклами во некои земји на 1 ноември

„Нетфликс“ планира да ја лансира опцијата за прикажување реклами на 1 ноември во некои земји низ светот, пренесуваат американските медиуми повикувајќи се на извори од индустријата.

Опцијата треба да биде пуштена во САД, Канада, Франција и во Германија. Платформата има цел да ја претстави оваа опција пред тоа да го стори ривалот „Дизни плус“, кој планира да претстави опција за прикажување реклами на 8 декември.

„Нетфликс“ со реклами ќе чини од 7 до 9 долари месечно, што е приближно половина од цената за моменталниот стандарден план, кој чини 15,50 долари месечно. Рекламите нема да се прикажуваат во детските серии и филмови, а претплатниците нема да може да ги симнуваат содржините за да ги гледаат без интернет.

Во април „Нетфликс“ го забележа првото намалување на бројот на претплатници во последната деценија, поради што беше најавено дека компанијата можеби ќе воведе поевтини планови кои ќе вклучуваат реклами. Компанијата најави и можно наплаќање за споделување лозинка следната година.

Извор: Cnet
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија