X
 26.09.2023 Култура

Серии што се најмногу репризирани низ светот

Многу серии станаа толку популарни што се прикажуваа на малите екрани низ светот повеќе пати. Еве кои серии го држат рекордот по бројот на репризи низ светот според вештачката интелигенција. Податоците се за периодот до септември 2021 година.

„Пријатели“ (Friends)

Оваа популарна американска комедија првично се емитуваше од 1994 до 2004 година, но беше често репризирана на многу телевизиски канали низ светот.


„Симпсонови“ (The Simpsons)

Оваа анимирана серија првпат беше емитувана во 1989 година и стана исклучително сакана серија која често се репризира.


„Ѕвездени патеки“ (Star trek)

Оригиналната серија првпат се појави во 1966 година. Беше создадена цела франшиза со многу серии, филмови и спинофови кои често се репризираат.


„Семејството Адамс“ (The Addams family)

Оваа мрачна хумористична серија го прикажува необичното семејство Адамс. Се емитуваше во текот на 60-тите години и иако имаше само две сезони, стана култна и често репризирана серија.


„Сексот и градот“ (Sex and the city)

Серијата се емитуваше во текот на 90-тите години и сè уште често се репризира.


Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура