X
 06.11.2023 Живот

ОН: Во Газа на секои 10 минути се убива по едно дете

Во војната меѓу Израел и Хамас на секои 10 минути во просек се убива по едно дете, а по две деца се повредени, соопшти денеска канцеларијата на ОН во Женева, повикувајќи се на податоци на агенцијата за палестински бегалци (УНРВА).

- Децата не смеат да бидат цел - се вели во објавата на ОН.

ОН вчера соопштија дека речиси 4.000 деца загинале во Појасот Газа од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас  и предупреди дека ситуацијата за децата во областа е катастрофална.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот