X
 26.11.2016 Култура

Спектакуларна керамичка фигура стара 3.800 години пронајдена во централен Израел



Прецизноста и вниманието на детаљите во создавањето на оваа, речиси 4.000 години скулптура се импресивни. Вратот на бокалот служел како основа за формирање на горниот дел од фигурата, а потоа рацете, нозете и лицето биле додадени на скулптурата. Може да се забележи дека човекот претставен на скулптурата како да е во позиција на одморање и размислување.

Ученици и археолози открија мал извонреден керамички сад од средното бронзено време е откриена во градот Јехуд, за време на интервентните археолошки истражувања поради изградбата на станбени објекти на локацијата. Според Гилад Итах, раководител на ископувањето од Управата за антиквитети на Израел, големото откритие се случило буквално во последниот миг на ископувањата.

- Последниот ден ги привршувавме ископувањата, кога пред нашите очи се појави необичен керамички сад висок околу 18 сантиметри, на кој е прикажана една личност. Се чини дека прво бил изработен основниот бокал, типичен за овој период, а потоа ја додале оваа единствена скулптура, каква досега немаме откриено - вели Итах.

Прецизноста и вниманието на деталјите во создавањето на оваа, речиси 4.000 години скулптура се импресивни. Вратот на бокалот служел како основа за формирање на горниот дел од фигурата, а потоа рацете, нозете и лицето биле додадени на скулптурата. Може да се забележи дека човекот претставен на скулптурата како да е во позиција на одморање и размислување.

- Се уште е нејасно дали фигурата ја изработил истиот човек што го изработил и садот - вели Итах.

Единствена скулптура досега

Ефрат Зилбер, супервизор кој ги координира истражувачките екипи (археолозите и надлежните од Министерството за образование преку кое учениците учествуваа во истражувањето) вели дека ископувањата отвориле можност учениците да доживеат моќно и директно искуство со минатото на својата земја.



- Учењето преку искуство вклучува методи на истражувања кои ги спроведуваат вработени археолози, додека тие откриваат артефакти. Учениците се среќаваат со експерти во различни области, кои ги споделуваат своите знаења со нив. Тоа е непроценливо искуство и богатство за учениците - вели Зилбер.

Покрај уникатниот керамички сад, тие пронашле и други садови и метални предмети, како бодежи, стрели, секири, коски од овци и коиски кои се веројатно од магаре. Според Итах, веројатно дека предметите се гробни прилози, кои биле закопани во чест на важен член на древната заедница.

- Тоа било вообичаено во древните времиња, да се верува дека предметите што биле закопани заедно со човекот, го придружувале во другиот свет. Од моето досегаѓно искуство можам да потврдам дека ваков сад досега не бил пронајден - вели Итах.

Покрај тоа, голем број на докази го отсликуваат животот кој постоел тука пред 6.000 години - јами и шахти со илјадници фрагменти од керамички садови, стотици парчиња кремен и базалт, животински коски, и сад кој често се користел за производство на путер во бакарното време.

Од учениците создаваат нови генерации археолози

Учениците учествувале во истражувањата како дел од новиот курс за обука што го организираат Управата за антиквитети на Израел и Министерството за образование. Целта е да се поврзат децата со минатото и да помогне да се созадат нови генерации на идни археолози.



Студентите кои го избрале овој курс како дел од нивната алтернативна оценка за училишната матура, учествуваат една недела на ископувањето. Тие имаат различни улоги во ископувањата - разговараат со научниците, поставуваат прашања и присуствуваат на археолошки размислувања и документирање, водење на археолошки дневник, секој дел од истражувачката работа.

- Одеднаш видов многу археолози и важни луѓе. Тие пристигнуваа и се восхитуваа на нешто што беше откриено во земјата. Веднаш повика сите нас да ја видиме неверојатната статуетка и ни објаснија дека ова е исклучително ретко откритие и нешто што не се среќава секој ден. Возбудливо да се биде дел од ископувањата на артефакти кои ќе бидат изложени во музеј - вели ученичката Рони Кришер од Средното женско верско училиште во Рамат Ган.
Подготвил: В.Ф.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура