X
 06.12.2022 Економија

Балканец ги пресмета трошоците на едно семејство во Германија

Познато е дека многу жители во земјите од регионот се селат во Западна Европа. Како е да се живее во овие земји? Според еден корисник на „Јутјуб“ од Балканот, се гледа дека животот таму не е така едноставен.

Во едно видео тој ги покажува трошоците на едно четиричлено семејство што живее во Германија, а во кое работат двајцата сопружници. Тој направил листа со месечните примања и трошоците на едно четиричлено семејство, а потоа додал дополнителни трошоци, како трошоци за цигари или излегување. Како што вели тој, доколку работат мажот и жената, заработуваат околу 4.500 евра месечно во просек.

Доколку работат на повисока позиција во поголема компанија, тогаш имаат 5.500 евра месечни примања, но има и парови што заработуваат помалку. Детските додатоци за две деца изнесуваат 440 евра, што значи дека приходите на едно просечно домаќинство изнесуваат 4.940 евра.


Фото: Pixabay

Од овие приходи, семејството треба да издвои околу 1.200 евра месечно за сместување, а трошоците за сметки се околу 250 евра. Месечните трошоци за храна, според неговото искуство, изнесуваат околу 1.000 евра. Дополнително се троши на осигурување, гориво и сервис за автомобилот. Доколку сте пушач, би издвоиле околу 240 евра месечно за цигари само за вас. За одење на годишен одмор треба да се издвојат околу 500 евра месечно за да се заштеди.

Тој открива дека пензијата може да биде добра во Германија, а може и да се заработи од продажба на стан, но и од парите вложени во животно осигурување.

Видеото на Балканецот кој живее во Германија може да го погледнете во продолжение.


Извор: Buka
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија