X
 07.01.2024 Живот

„Благословен е празникот кој го вклучува целиот свет во заговор за љубовта“

Интересни и инспиративни цитати од познати личности и од омилени филмови поврзани со Божиќ.

- Бадник е. Тоа е една ноќ во годината кога сите се однесуваме пољубезно, полесно се насмевнуваме и сме повесели. Неколку часа од целата година ние сме луѓето што се надеваме дека секогаш ќе бидеме - „Божиќни духови“.

- Божиќ нѐ опкружува, среќата е насекаде. Нашите раце се зафатени додека песните го исполнуваат воздухот - Шрили Салеј.

- Ништо не изгледа премногу лошо, премногу тешко или премногу тажно кога имате елка во дневната соба - Нора Робертс.

- Благословен е празникот кој го вклучува целиот свет во заговор за љубовта - Хамилтон Рајт Маби.

- Ниту еден човек кој има пријатели не може да се нарече неуспешен - „Животот е прекрасен“.

- Ќе го почитувам Божиќ во моето срце и ќе се трудам да го чувам цела година - „Божиќна песна“.

- Овој Божиќ запомни дека љубовта тежи многу повеќе од златото - Џозефин Доџ Даскам Бејкон.

- Што е Божиќ? Тоа е нежност за минатото, храброст за сегашноста, надеж за иднината - Агнес М.Пахро.

- Божиќната магија е тивка. Не ја слушаш, ја чувствуваш, ја знаеш и веруваш во неа - Кевин Алан Милн.

- Божиќ е неопходност. Мора да има барем еден ден во годината за да нѐ потсети дека сме тука за нешто друго освен за себеси - Ерик Севареид.

Извор:
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот