X
 07.04.2016 Живот

Работи кои ментално силните луѓе секогаш ги прават

Менталната цврстина не е квалитет кој или го имате или го немате. Секако, некои луѓе може да имаат голема самодисциплина отколку што имате вие. Некои луѓе може да бидат подобри во искушението отколку што вие сте. Но, тоа не е поради тоа што така сте родени бидејќи постојат начини за развивање на менталната цврстина и нејзина корист кога ви е важно да ја искористите.

Постојат луѓе кои се ментално силни и цврсти затоа што научиле такви да бидат. Еве како:

1. Секогаш претпоставете дека ја имате целосната контрола


Постои цитат од Игнатија: „Молете се како да Бога ќе се погрижи за сите; дејствувајте како да се` е оставено на вас“.

Истото нешто се однесува и до среќата. Многу луѓе чувствуваат дека среќата е поврзана со успехот или неуспехот. Ако успеат, тогаш имале среќа, а ако не успеат, тогаш немале среќа.

Многу успешни луѓе навистина сметаат дека среќата играла некаква улога во нивниот успех. Но тие не ја чекаат добрата среќа и не се грижат за лошата среќа. Тие делуваат како успехот и неуспехот целосно да е во нивна контрола. Ако успеат, причината за тоа е што тие ја предизвикале. Ако не успеат, исто така, тие ја предизвикале.

Не можете да контролирате што среќата ќе ви донесе, но сигурно дека можете да го контролирате она што ќе го направите за себеси.

2. Правете помалку избор


Сите ние имаме ограничено количество на ментална енергија за остварување на самоконтрола. Колку повеќе избор правиме во текот на денот, толку потешко му правиме на мозокот, и тогаш започнуваме да бараме кратки патишта. А потоа стануваме импулсивни и невнимателни.

И секако, ова следува со одлуки за кои знаевме дека не требаше да ги донесеме, но не можевме да си помогнеме себеси. Всушност, не можеме да си помогнеме. Немаме повеќе ментална енергија која ни е потребна за правење на паметен избор. Затоа, колку помалку избор правите, толку ќе биде вашиот избор попаметен.

Изборот е непријател на менталната цврстина. Непријатели се и леснотијата и погодноста.

3. Оставете ги настрана работите врз кои немате влијание

Менталната сила е како мускулната сила - никој нема неограничена енергија. Па зошто да ја трошите енергијата на работи кои не можете да ги контролирате? За некои луѓе тоа е политиката. За други, семејството, за трети глобалното затоплување. Што и да е, се грижите за тоа и сакате и другите да се грижат.

Направете се` што е во ваша моќ да го направите. Самите бидете промена - но немојте да се обидувате да го промените секој друг до вас. Тоа е навистина исцрпувачки процес кој често нема добри резултати.

4. На минатото гледајте како на вреден тренинг и ништо повеќе


Минатото е вредно. Учете од вашите грешки. Учете од грешките на другите. И помирете се. Кога нешто лошо ќе ви се случи, треба да го гледате како можност да научите нешто што претходно не сте го знаеле. Кога некоја друга личност ќе направи грешка, немојте само да учите од грешката - гледајте ја како можност да бидете љубезни, да простувате и да разбирате.

Минатото е само тренинг; тоа не ве дефинира.

5. Активно прославувајте го успехот на другите


Многу луѓе сметаат дека успехот на една личност може да го уништи нивниот успех. Незадоволството собира огромно количество на ментална енергија која би можеле да ја примените на сосема различно место. Кога некој ваш пријател ќе направи нешто добро, ова не значи дека вие сте спречени да направите нешто добро.

Создавајте и прославувајте го успехот на другите и со текот на времето ќе видете успех и од самите себеси.

6. Не дозволувајте си себеси да се жалите или да критикувате


Вашите зборови имат моќ, особено врз вас. Постојаното жалење за вашите проблеми ќе направат да се чувствувате полошо, а не подобро.

Ако нешто не е во ред, не губете време жалејќи се. Ставете ја таа ментална енергија во подобрување на ситуацијата. Зошто да губите време? Поправете ги сега работите кои мислите дека се погрешни.

7. Немојте да се обидувате да ги импресионирате другите; наместо тоа, импресионирајте се себеси

Никој не ве сака поради облеката, автомобилот, она што го поседувате, вашата титула или вашите постигнување. Сите тие се нешта. Луѓето може да ги сакаат вашите работи - но тоа не значи дека ве сакаат и вас.

Вистинските врски ве прават посреќни, а вие формирате реални врски кога ќе престанете да се обидувате да ги импресионирате луѓето околу вас и кога ќе започнете да бидете себеси.

Со тоа ќе имате повеќе ментална енергија која ќе можете да ја трошите на луѓето кои навистина ви се важни во животот.

8. Постојано прегледувајте ги вашите долгорочни цели


На пример, сакате да изградите поголема компанија; кога сте ментално уморни лесно е да рационализирате што најдобро ќе направите утре, не денес. Ако на пример сакате да изгубите тежина, кога сте ментално уморни, ќе си кажете дека тоа ќе го започнете утре, а не денес.

Менталниот замор не` тера да бараме лесен излез - иако некогаш лесниот излез не` води кон погрешни начини. Затоа е важно постојано да се потсетувате на тоа кои се вашите цели.

Размислувајте за моментите во кои сте се предале на импулсите кои ве однеле далеку од вашите долгорочни цели. Потоа користете потсетници за да се потсетите на вашите долгорочни цели за да ги прекинете тие импулси и да се задржите на вистинскиот пат.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот