X
 07.04.2023 Образование

Средношколци од Гостивар собираат 48.000 денари за да направат мобилен биоразградувач за домашна употреба

Ученици од СОУ „Гостивар“ собираат 48.000 денари за да го направат првиот мобилен биоразградувач за домашна употреба на Балканот, кој користи органски материјал (храна, измет од добиток), од кој се произведува метан кој се користи за греење, готвење, а со тоа ја намалува потрошувачката на електрична енергија.

- Со овој биоразградувач ќе придонесеме кон зголемување на квалитетот на воздухот, а со тоа директно, позитивно влијаеме врз целокупниот жив свет. Промените започнуваат од нас, а ние се одлучивме веднаш да преземеме акција. Поддршката што може да ни ја дадете би значела поддршка за подобра животна средина, за иновациите на млади луѓе и поддршка за нашиот глас да пристигне до што поголем број луѓе - истакнуваат средношколците.

Ако сакате да го поддржите овој проект, тоа можете да го направите ТУКА.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование