X
 17.04.2024 Образование

Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ

Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати - професорите Никола Минов и Зоран Киткањ.

Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование