X
 07.05.2020 Живот

Македонските лото-играчи најмногу играат броеви во низа

Во коло 36 се радувавме на 166 (сто шеесет и шест) 6-ки, постигнати низ целата земја, благодарение на 6-те извлечени броја во низа

Во вчерашното коло, 36-то по ред во оваа година, се радувавме на вкупно 166 (сто шеесет и шест) постигнати 6-ки.

Во над 1.000 извлекувања на лото-игрите на среќа во организација на Државна лотарија, од 3 мај 2010 г. досега, топчињата ни приредија безброј изненадувања. Едно од најинтересните се случи токму вчера. Во тек на извлекувањето беа извлечени дури шест едноцифрени броеви и еден двоцифрен: 7, 6, 3, 2, 30, 4 и 5. Подредената добитна комбинација на екранот изгледаше вака: 2, 3, 4, 5, 6, 7, 30.

Од вкупно 166 (сто шеесет и шест) 6-ки, 11 (единаесет) се на добитници кои играле на интернет-платформата на Државна лотарија, а останатите 155 (сто педесет и пет) 6-ки се уплатени преку терминалите на продажни места во нашата земја.

Списокот со добитници на 6-ки уплатени преку терминали на уплатно-исплатни места, по градови/населени места, изгледа вака: Скопје (43), Битола (7), Велес (6), Тетово (6), Кичево (6), Штип (5), Струмица (5), Охрид (5), Струга (4), Кавадарци (4), Неготино (4), Гостивар (3), Прилеп (3), Кочани (2), Делчево (2), Радовиш ( 2) Ново Село (2), Гевгелија (2), Ресен (2), Македонски Брод (1), Куманово (1) Крива Паланка (1), Чашка (1), Негорци (1), Пробиштип (1), Свети Николе (1), Пехчево (1) и Берово (1).

Вкупниот фонд за категоријата 6-ка во коло 36 изнесуваше 342.864,70 денари, што поделено на 166 значи дека секоја поединечна 6-ка носи по 2.065,45 денари. Дел од нашите добитници освоиле и повеќе од една 6-ка, но и 5-ки и 4-ки кои им ја зголемуваат вкупната добивка.

Од онлајн-учесници освоени се 11 (единаесет) 6-ки, но и 30 (триесет) 5-ки и 304 (триста и четири) 4-ки, што досега е најголемиот број погодоци постигнати од страна на онлајн-играчи на Лото 7.

Дел од нашите онлајн-играчи добиле 6-ки користејќи ги придобивките од кампањата „300+100“ преку освоениот Бонус –промо ваучер.

Лото-играчите што уплаќаа преку терминалите на уплатно-исплатни места во нашата земја постигнаа вкупно 155 (сто педесет и пет) 6-ки, 247 (двесте четириесет и седум) 5-ки и 2 638 (две илјади шестотини триесет и осум) 4-ки.

По однос на системска игра, имаме повеќе примери на игра на скратени и полни системи. Меѓу примерите и една уплата реализирана во Детелинка – Кичево каде што е одигран полн систем од 8 броја (вкупно 160 денари) и 1 Џокер од 20 денари и на него има 2 добивки со 6 погодоци и 6 добивки со 5 погодоци. Еден од примерите на скратен систем е одигран во уплатно место Толлакс Медиа Бисер Скопје, каде што играчот одиграл скратен систем - реден број 9 со 21 одигран број (вкупна уплата од 800 денари) и има 1 добивка со 6 погодоци.

Очигледно е дека броевите во низа што беа извлечени во коло 36 од играта на среќа Лото 7 внесоа голема возбуда и ни потврдија дека најголем дел од нашите играчи во своите омилени комбинации играат броеви во низа.

Фондот за 7-ка за наредното коло, 37, изнесува близу 27 000 000 денари.

За онлајн-играчите е актуелна кампањата „300+100“ за добивање Бонус-промо ваучер, а воедно ги покануваме сите играчи да се вклучат во игра преку нашатa веб-страница за онлајн-учество во игрите Лото 7 и Џокер www.loto.mk. За сите информации, на располагање е нашиот контакт-центар на броевите 02 323 7777 и вибер-бројот 076 313 052.


(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот