X
 07.07.2017 Образование

Зошто рускиот и југословенскиот образовен систем биле подобри од американскиот?

Професорот Харолд Стивенсон од Универзитетот во Мичиген во делото „Образовна бездна“ прави научна компарација помеѓу американскиот, тајванскиот, јапонскиот и кинескиот образовен систем. Во својата книга покажува универзални карактеристики на успешни образовни системи, а за американскиот систем вели: „Учениците не се споредливи, наставните планови не се споредливи, училиштата не се споредливи, тестовите не се споредливи…“


Еден од основните заклучоци е дека американскиот образовен систем „трпи“ најмногу поради тоа што нема национални програми и наставен план. Доналд Хирш вели: „После 1987 г., им стана кристално јасно на најголемиот број Британци дека образовните системи што користат национални наставни програми и планови остваруваат многу подобри резултати од британскиот образовен систем“. Дури кон крајот на 20 век Англија донесе национален план и програма, а од 2005 г., Америка работи на тоа поле.

Оттука, не е чудно што рускиот образовен систем се одредува и класифицира како еден од најуспешните во светот во текот на 20 век. После Спутник (Сопатник), кој е шок за Америка, Американците ја истражувале тајната на успешната вселенска програма. Одговорот бил дека тајната се крие во образованието, а особено во учењето математика преку методот на множества. (Сателитот и лансирачите беа развиени од бирото за дизајн на Сергеј Корлјов).

Што заклучиле Американците?

Грешката била во американската исклучивост и локализам, кои сакале да се препознаваат и се прикажат како поинакви и поуспешни од другите луѓе во светот. Американската исклучивост поаѓа од тоа дека Американците како луѓе се поинакви и подобри од другите луѓе и дека нивните проблеми се специфични. Тој стереотип силно се одразил врз американското образование.

Тие анализи укажуваат дека Америка силно ги платила својата исклучивост и локализам, како и неподготвеноста да учи од другите.

Извор: Еуритмија
Подготвил: Доц. д-р Кирил Барбареев

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование