X
 15.06.2016 Образование

Успешната приказна на Александра - Како станав дел од тимот на ПроКредит Банка?

Александра Ристеска е дипломиран економист кој започна да ја гради својата кариера во ПроКредит Банка во 2014 год како дел од Procredit Entry programme . Имаше можност да биде меѓу првите кандидати, кои успешно ја завршија првата интернационална обука на ПроКредит Банка, организирана надвор од границите на Македонија. Околи 20 кандидати од шест различни држави ( Босна и Херцеговина, Бугарија, Грузија, Макеоднија, Романија и Србија), беа дел од ова меѓународно искуство. По завршувањето на шест месечната обука која се одвиваше во Софија, Бугарија Александра Ристеска ја започна својата работна кариера во ПроКредит банка Македонија и во моментов е дел од нашиот Маркетинг тим.



Интернационалните програми за регрутација на млади и амбициозни индивидуи прераснаа во традиција за банката, која сега се практикува за сите нови кандидати.

Обуката се спроведува на англиски јазик и претставува размената на искуствата, знаења и практики, пред се поради комбинацијата на кадри кои потекнуваат од различни економски средини, култури, традиции и образовни програми.

Факултети.мк: 3ошто се одлучи да аплицираш на програмата за млади банкари на ПроКредит банка и што е она што најмногу ти остави впечаток?

Александра: Аплицирав бидејќи сакав сама да се изборам за мојот успех и не очекував понуда за интернационална обука. Среќна сум што го прифатив предизвикот и денес сум дел од тимот на ПроКредит Банка. Искуството стекнато на програмата за млади банкари ги подобри моите способности и знаења за банкарството и ми создаде простор подетално да ја запознаам институцијата во која ќе работам.

Колегите од ПроКредит институциите во Европа – координатори на обуката го ценеа нашиот труд и способноста за брзо учење и адаптирање во нова средина. Комуникациските вештини, способноста за брзо размислување и формулирање цврсто аргументирани одговори драстично растеа од седмица во седмица во периодот на обуката. Тимската работа беше високо рангирана, а можноста да се соработува со кандидати од различни региони во Европа ги надоградија моите перцепции за економија, политички системи, култура и начин на однесување. Преку тимски активности за викендите научивме многу културни обичаи во земјите од каде што доаѓаа другите кандидати, пробавме голем број на традиционални јадења и го подобривме нивото на англиски јазик. “

Факултети.мк: Што би им препорачала на младите во Македонија?

Александра:
Прифаќајте ги предизвиците кои ви носат искуство и дополнително знаење. ПроКредит е одлична опција за сите кои се гледаат себе во динамично окружување, кое ги почитува нивните мислења и ставови и ги инкорпорира во своите интерни практики.

Доколку сакате и вие да станете дел од тимот на ПроКредит банка аплицирајте на ОВОЈ ЛИНК

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование