X
 07.10.2023 Култура

Дали штотуку е откриена најголемата мистерија на модерната уметност? За сѐ е виновна една тужба

Најголемата мистерија на модерната уметност, идентитетот на најпознатиот уметник во светот кој се претставува под псевдонимот Бенкси, наскоро би можел да биде откриен.

Уште во 2008 година се шпекулираше дека уличниот уметник Бенкси наводно е Робин Ганингем, роден во 1973 година во Бристол, а сега тој е именуван како првообвинет во тужбата за клевета. Написот тврди дека Ганингем е всушност Бенкси, а го обвинува компанијата „Пест контрол“, која ги продава делата на Бенкси.

Според британските медиуми, тужбата ја поднел претприемачот Ендрју Галагер, чиј адвокат изјавил дека не може да коментира за случајот.

Галагер и Бенкси со години се влечкаат по судови поради авторски права. Бенкси претходно го тужеше Галагер за продажба на неговите дела без дозвола.

Компанијата на Галагер, „Брендалајзд“, им нуди на обожавателите на Бенкси прифатливи колекционерски графити. Исто така, Галагер е сопственик на компанијата „Фул колор блек“ за изработка на честитки, со репродукции на делата на познатиот уметник.

Пред три години Бенкси, кој еднаш рече дека авторските права се за губитници, го изгубил случајот против Галагер. Анонимниот уличен уметник покрена правна постапка против компанијата за честитки на Галагер поради репродукција на неговото дело на кое е прикажан маскиран демонстрант како фрла куп цвеќиња. Делото насловено како „Фрлач на цвеќе“, познато и како „Љубовта е во воздухот“, првично се појави во 2003 година на ѕидот долг 760 километри што ја дели Палестина од Израел.

Тогаш канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ оцени дека бизнисот на Галагер е легитимен.

 
- Бенкси е во тешка позиција бидејќи не произведува сопствена палета на производи, а законот е сосема јасен - ако носителот на трговската марка не ја користи трговската марка, тогаш може да се пренесе на некој друг што ја сака. Уште еден фактор е тоа што тој не може да биде идентификуван како сопственик на такви дела бидејќи неговиот идентитет е скриен. Понатаму, не може без сомнение да се утврди дека уметникот има некакви авторски права на графитите - изјави Марк Стивенс, адвокат на уметникот.

Бенкси првпат бил забележан како црта во неговиот роден град Бристол во раните 90-ти години. Бидејќи уличната уметност и графитите може да се сметаат за кривично дело, првично се сметаше дека уметникот останал анонимен за да избегне конфликт со законот.

Во почетокот на 21 век неговите дела почнаа да се појавуваат низ Велика Британија и други делови од светот. И покрај големиот јавен интерес и многубројните обиди да се открие кој се крие зад познатите графити, Бенкси никогаш не го потврди својот идентитет.

Извор: Bizlife.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура