X
 07.10.2023 Живот

Вулкан во кој може да влезете стана туристичка атракција

Исланд е островска земја полна со вулкани, а еден од нив е посебен затоа што можете да влезете во него. Во планинскиот венец Блафјол, на западниот дел од островот, се наоѓа вулканот Трихнукагигура, чија последна ерупција траела дури 4.000 години.

Бидејќи вулканот се наоѓа во срцето на планините, освен за скијање, туристите доаѓаат во оваа област и за да се спуштат во ова чудо на природата. Се организираат дури и туристички тури, а со лифт може да се спуштите 120 метри во самата утроба на вулканот.



Вулканот е отворен за посетители од 2012 година, а на посетителите најмногу им се допаѓаат прекрасните бои и карпестите релјефи на неговите внатрешни „ѕидови“.



Вулканот е интересен и за научниците бидејќи во неговиот центар нема оладена магма, а научното објаснување е дека таа се вратила назад во внатрешноста на Земјата.



За спуштањето во вулканот е потребна и одредена физичка подготвеност. Турата започнува со едночасовно планинарење по нерамен терен.

Извор: Green
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот