X
 08.01.2023 Живот

Фотографии покажуваат колку е магична поларната светлина

Полуостровот Стокнес во Југоисточен Исланд е популарен меѓу туристите преку ден благодарение на карпестиот профил на планината Вестрахорн, но ноќта претставува уште помистериозен пејзаж.

Низ Арктикот, луѓето отсекогаш ги почитувале, но и стравувале од морничавите, променливи светла што пристигнувале без предупредување на ноќното небо и никогаш не се појавувале на ист начин двапати.

1
Фото: Vincent Beudez

Древните објаснувања за овој природен феномен варираат, па така многу народи ја опишувале поларната светлина како духови на жени кои никогаш не се омажиле или на мртвородени бебиња; како немирни, осамени души на оние што извршиле самоубиство или биле убиени; како злобни духови и слично.

2
Фото: Rachel Jones Ross

Без оглед на тоа како биле објаснети, се чини дека сите што биле сведоци на светлината биле исполнети со чудење и потреба да се разбере феноменот.

Првата позната документација на поларната светлина била пред повеќе од 4.500 години во Кина, но некои археолози толкуваат многу постара пештерска уметност како приказ на аурори и на северната и на јужната хемисфера.

3
Фото: Luis Solano Pochet

Оттогаш науката открила зошто се појавува поларната светлина. Станува збор за природна појава на светлина на небото предизвикана од судирот на наелектризираните честички под влијание на магнетното поле на Земјата.

4
Фото: MaryBeth Kiczenski

Додека потеклото на поларните светлина повеќе не е мистерија, овој феномен сè уште го маѓепсува секој што има доволно среќа да го види.

Извор: Atlas Obscura
Фото: Atlas Obscura/Giulio Cobianchi
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот