X
 08.02.2024 Живот

Го прославила 100-тиот роденден со сопругот и ја открила тајната на долговечноста

Шарлет Џонсон од Пенсилванија го прославила 100-тиот роденден оваа недела во пензионерски дом во близина на Блумсбург. Славела заедно со сопругот Маршал, со кого е во брак 78 години и кој пред неколку месеци го прославил својот 100-ти роденден.

Двајцата живеат во пензионерски дом, каде што била организирана забава за Маршал кога го славел роденденот.

- Веќе не го гледам времето. Тука сум и тоа е тоа - изјавил Маршал Џонсон. Тие живееле во Блумсбург поголемиот дел од својот живот и го одгледале своето семејство во тој град.

Шарлет возела автобус, а Маршал е воен ветеран

- Нема ден да не искрсне нешто. Само се смеам за сите глупави работи што ги направивме - вели Шарлет. 

Маршал е армиски ветеран, служел во армијата на САД за време на Втората светска војна и работел во челичарница. Шарлет пак, работела како возач на автобус.

Славеничката им оставила добар впечаток на децата кои ги превезувала бидејќи една вработена во домот се сеќава на Шарлет од времето кога била возач на автобус, а таа била второ одделение.

Децата ме мотивираат

Шарлет низ годините научила многу деца да шијат, вклучително и нејзиното, а вели и дека децата се причина за нејзиниот долг живот.

 - Пред неколку години докторот ме праша што ме мотивира. Реков децата и смеата - раскажува Шарлет.

Покрај работата со деца, Шарлет истакнала дека сака да чита во слободно време.

Извор: Index.hr

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот