X
 08.02.2024 Живот

Веб-страница на која се гледа каде има земјотрес во секој момент

Во последните месеци имаше повеќе земјотреси низ светот. Доколку сакате во секој момент да следите каде има земјотреси, постои веб-страница која ги нуди токму овие информации.

Станува збор за официјалната веб-страница на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). На оваа веб-страница може да се види во кој дел од светот има земјотрес во кој било момент од денот.

Податоците се ажурираат 24 часа во денот. На мапата на насловната веб-страница може да се видат најсилните земјотреси во последниот ден, кои се означени со црвена боја. Веб-страницата нуди и опција да се пријави земјотрес доколку го почувствувате, а нема податоци за него.

Веб-страницата можете да ја најдете овде.

Извор: Pun kufer
Насловна фотографија: Unsplash 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот