X
 08.05.2019 Живот

Еден убиен и седуммина повредени во пукањето во училиште во Денвер

Едно лице е убиено, а седум се ранети, од кои неколку во критична состојба, при инцидентот со пукање во училиште во Даглас, предградие на Денвер, во сојузната американска држава Колорадо.

Инцидентот се случил во Училиштето за наука и технологија, кое се наоѓа на 40 километри јужно од Денвер.

Властите соопштија дека се уапсени две осомничени лица поврзани со пукањето.

Полициски службеници изјавија дека двајца ученици, вооружени со пиштоли, влетале во училиштето и почнале да пукаат.

- Еден 18-годишник е мртов на местото на настанот - рече шерифот Тони Спарлок неколку часа по трагедијата.

Спарлок рече дека нападите се изведени на две локации.

Едниот од напаѓачите е полнолетен, а другиот е помлад од 18 години.

Се претпоставува дека нема повеќе напаѓачи, но, сепак, полициски тимови и натаму ја пребаруваат секоја просторија во училиштето.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот