X
 08.10.2019 Живот

Приказната за најгрдите влечки на светот е многу поубава од нив

Влечките „Крокс“ се пример дека денес не е доволно да се има феноменален дизајн и квалитет за да се продаде производ. Феноменот кој ја приближи естетиката на грдото и до оние со истенчен вкус не настанал случајно.

Маркетиншките трикови со кои се служел „Крокс“ уште од почетокот воедно се и објаснување зошто денес целиот свет ги носи овие влечки.

Кој ги дизајнирал влечките што личат на глава од крокодил?

Кон крајот на 90-тите години тројца пријатели - Џорџ Бодекер, Скот Сименс и Линдон Хенсон - решиле заедно да почнат некој бизнис. Имале искуство во менаџмент на големи компании, па нивните вештини прераснале во нешто неверојатно.


Еден бизнисмен од канадската компанија „Фоам криејшнс“ токму тогаш направил неверојатен полимерен материјал. Обвивките направени од тој материјал се обликувале на ногата на човекот кој ги носи и не впивале мириси. Бодекер, Сименс и Хенсон ја купиле идејата од Канаѓанецот и почнале да прават сандали за луѓето што имаат јахти. Се покажало дека нивните обувки биле толку удобни и издржливи, што брзо почнале да ги купуваат сите оние на кои удобноста им била поважна од дизајнот. Во 2002 година биле продадени 200 пара, додека до 2017 година 300 милиони луѓе ги купиле нивните класични влечки со лого на крокодил.

View this post on Instagram

On a scale of 1 to VSCO, what’s this at?

A post shared by Crocs Shoes (@crocs) on


Намерно дизајнирале грди влечки, а играле на картата на материјалот

Кога купувате „крокс“, не купувате некои гумени обувки за работа во градина или за одење на базен. Сите се направени од материјал кој се вика крослајт, а кој, како што велат производителите, спречува развој на бактерии. „Крокс“ го патентирал тој материјал и многумина што се обиделе да ги копираат добиле тужба. Покрај многубројните шеги и ужасните критики за дизајнот, купувачите продолжуваат да набавуваат нови модели. Излегло дека луѓето со задоволство се откажуваат од дизајнот ако добијат врвна удобност.

Соработуваат со познати брендови за цената од 50 долари да боли помалку

Дури по „крокс“ се појавија австралискиот „ју-џи-џи“ и германскиот „биркенсток“. Милениумците ја обожаваат идејата за обувки кои не мора да се одржуваат со специјални средства. Ги купуваат активни млади лица кои порачуваат: „Не се грижиме за трендовите“. Сепак, фактот дека „Крокс“ соработува со големите модни куќи покажува дека и не е баш така.

Луѓето купуваат по неколку пара

На почетокот компанијата немала пари да експериментира со моделите, па истиот модел бил направен во 20 различни бои. И денес најлојалните фанови купуваат по неколку пара во различни бои. Имаше обид за експериментирање со моделите, кога челниците на компанијата го извадија моделот на потпетици, но со тој потег за малку ќе ги загубеа муштериите. Сега асортиманот е поширок бидејќи имаат и чизми, патики, чевли, но класичните влечки и понатаму сочинуваат 50 отсто од продажбата.

View this post on Instagram

Slight flex 🐊

A post shared by Crocs Shoes (@crocs) on


Одбираат специфични ѕвезди за кампањите

Нивните реклами намерно се насочени кон одреден дел од популацијата. Официјални амбасадори на брендот беа Дру Баримор и Натали Дормер, кои беа ангажирани за да почнат и младите девојки да ги носат влечките.

Нивната мисија беше да ги убедат жените дека влечките се модерни. Раперот Пост Малон лансира сопствена верзија на влечките, кои беа продадени за само десет минути. Пред четири години и малиот британски принц Џорџ се појави во вакви влечки и продажбата на детските модели скокна за 1.500 отсто. Неодамна и Џастин Бибер ги прошета неговите влечки под кои имаше облечено чорапи. Тоа се само дел од примерите.


Во рекламите промовираат стил на живот каков што сакаат повеќето луѓе

Кога купувате влечки, вие всушност добивате и доза добро расположение. Овие обувки секако не асоцираат на тешка работа, туку на опуштеност.

Модни детали што носат милиони

Класичниот модел „крокс“ има 10 дупки за вентилација. Излезе дека тие дупки може да донесат куп пари. Во 2005 година сопружниците Рич и Шери Шмелцер смислиле украси за влечките на нивните деца. Тие зеле кредит, отвориле продавница и почнале да заработуваат многу пари. Во првата година заработиле два милиона долари. Подоцна „Крокс“ им исплатил 10 милиони долари за да ја откупи од нив идејата за украси кои се вметнуваат во дупчињата. На почетокот украсите биле наменети само за децата, но подоцна станале кул моден детаљ кој го обожаваат и возрасните.

Запрено производство

Во 2018 година „Крокс“ ја затвори својата фабрика. Компанијата веќе не произведува обувки, туку ги прави трета страна. Брендот ги затвори повеќето продавници и производите најмногу се продаваат преку интернет.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот