X
 08.12.2022 Живот

Дали знаете дека постои таен клуб чии членови имаат ВИП-пристап до содржините на „Нетфликс“?

„Нетфликс“ има скриена содржина до која имаат пристап само одреден број клиенти.

Некои корисници се специјално избрани и можат да гледаат ТВ-емисии и филмови уште пред да бидат објавени во јавноста.

Групата, која наводно се нарекува „Нетфликс превју клаб“, функционира како контролен одбор за стриминг-платформата.

Ако ви е потребен уште поголем доказ дека станува збор за легитимна група, член на елитната група почна да објавува на социјалната мрежа „Редит“.

- Гледате оригинални нетфликс-филмови уште пред да бидат објавени и одговарате на прашања поврзани со нив. Исто така, треба да потпишете договор затоа што филмовите претходно не биле објавени и се во фаза на финално уредување. Добивате специјален профил на „Нетфликс“, па од стриминг-платформата ви испраќаат е-порака кога има филм што треба да се гледа. Обично филмот треба да го изгледате во рок од една недела - објаснува редит-корисникот кој вели дека е член на оваа елитна група.

Ако сте вистински љубител на крими-документарците, од „Редит“ споделуваат полесен начин да го пронајдете она што го барате.

Внесете „9875“ во полето за пребарување на платформата и ќе ви се појави огромна листа со крими-документарци и биографии на „Нетфликс“.

Извор: Ladbible.com
Фото:  Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот