X
 08.12.2023 Живот

Доктор спасил 8.000 животи во текот на Втората светска војна измислувајќи лажна епидемија на тифус

Доктор Евгениуш Лазовски спасил околу 8.000 животи за време на Втората светска војна така што измислил лажна епидемија на тифус во градот Розвадов. Тој открил дека одреден вид бактерија може да се инјектира во некоја личност и да предизвика таа да биде позитивна на тифус, без да ги трпи лошите ефекти на болеста.

Лазовски почнал да го инјектира овој вид бактерија прво во локалното население кое не било еврејско, бидејќи знаел дека нацистите веднаш ќе ги убијат затворениците заразени со тифус. Потоа ги испратил примероците од крвта во германските лаборатории.

Кога бил откриен тифусот, нацистите ја ставиле во карантин целата област, а не сакале ниту да се приближат.

Благодарение на тој карантин, 8.000 мажи, жени и деца биле поштедени од судбината на депортација во логорите на смртта, каде што Полска изгуби една петтина од населението.

По војната, Лазовски живеел во Чикаго, бил универзитетски професор и доживеал длабока старост. Кога се вратил во градот Розвадов, бил пречекан со церемонија.

 

Извор: Radioaktivan Komarac
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот