X
 09.02.2024 Живот

Швајцарска компанија хакирана со помош на 3 милиони четки за заби?

Најновиот инцидент во Швајцарија ги илустрира опасностите од поврзувањето на секој предмет во домаќинството на интернет. Наводно хакерите заразиле три милиони паметни четки за заби и ги искористиле за напад на компанија во Швајцарија!

Приказната доаѓа од швајцарскиот весник „Аргауер Цејтунг“ кој наведува дека неименувана швајцарска компанија за производство на паметни четки за заби била соборена за неколку часа. Инцидентот ја чинел милиони долари.

Во извештајот се наведува дека четките за заби се ранливи поради нивниот оперативен систем базиран на „Џава“. Додека многу четки за заби користат блутут за следење на рутините на чистење на забите, некои поддржуваат и безжична конекција за нивните различни функции.

Иако овој инцидент звучи веродостојно, некои веруваат дека приказната не е вистинита, вклучувајќи го и експертот за сајбер-безбедност Кевин Бомонт. Сепак, публикацијата во весникот наведува дека овој пример, кој изгледа како холивудско сценарио, всушност се случил.

Вистина или не, постојат многу други приказни за веб-камери, монитори за бебиња, паметни фрижидери итн. кои биле нападнати од хакери, потсетувајќи нè да се погрижиме нашите уреди да бидат ажурирани.

Извор: Bajtbox.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот